ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Денеска времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје максималната дневна температура ќе достигне до 19 Целзиусови степени, Крива Паланка 17, Берово 15, Кавадарци 21, Дојран 22, Маврово 12, Охрид 17, Битола 18…

УХМР прогнозира дека следува период на стабилно и суво време со студени утра, а преку денот ќе биде сончево и потопло. Утринските температури денеска во некои од повисоките места ќе се спуштат под нула, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Во наредните три дена утринските температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а дневните од 17 до 26 степени.