Ердоган ја заврши посетата на Србија

Сподели

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган синоќа ја заврши дводневната посета на Србија во чии рамки престојуваше и во Нови Пазар.

Турската делегација имаше низа билатерални состаноци со српскиот државен врв, како и со српски стопанственици. Ердоган оцени дека Србија е клучна земја на Балканот и оти очекува годишната трговска размена меѓу двете земји да се зголеми на милијарда и 200 милиони долари, од 870 милиони долари колку што изнесуваше во минатата година.

РСЕ