Иван Џолев и официјално прв човек на Кривичниот суд

Сподели

Новозибраниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев, денеска даде свечена заклетва пред членовите на Судскиот совет на Република Македонија.

Со оваа церемонија тој и официјално ја презема функцијата прв човек на Кривичниот суд.

Судскиот совет на Република Македонија на седница што се одржа на 8 ноември со 11 гласа „за“ и два „против“ го избра Џолев за претседател на Основниот суд Скопје 1.

За ова место се кандидираа судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Џолев доаѓа на местото на доскорашниот в.д. претседател на Кривичен суд Стојанче Рибарев кој, поднесе оставка поради лични причини.