Макрон: Светот ја губи битката со климатските промени

Сподели

Францускиот претседател Емануел Макрон за време на еднодневниот самит за задржување на интензитетот на напорите за спречување на глобалното затоплување во Париз изјави дека светот ја губи битката со климатските промени. Според него, сите земји мора да дејствуваат бидејќи сите ќе бидат одговорни за последиците од климатските промени.

– “Не реагираме доволно брзо. Сите мораме да дејствуваме.  Она што ќе ја спаси климата, не се класичните големи дипломатски средби на врвот, туку секојдневната мобилизација, поголемата транспарентност, постојаниот поттик и сите составни елементи на општеството заедно, заклучи Макрон.”

Макрон побара да се даде нова енергија во напорите за справување со климатските промени, кои се ослабени со повлекување на САД од Парискиот договор за климата.

Повеќе од 200 институционални инвеститори кои имаат ресурси вредни 26 трилиони долари, денеска се обврзаа дека ќе извршат притисок врз големите корпорации да преземат мерки во борбата против климатските промени.