Управата за јавни приходи ќе прави контроли по угостителските објекти и дуќани, зашто анализите од податоците на GPRS системот, покажале дека добар дел од нив прикажале помал промет за новогодишните празници. Даночните инспектори забележале дека во празничната еуфорија кафанџиите не го регистрирале прометот, не издавале фискални сметки, туку само компјутерски, печатени од обичен (нефискален) принтер.
„Евидентирани се нереални состојби на готовинскиот промет кај одредени објекти, особено имајќи предвид дека во периодот на новогодишните празници е зголемена потрошувачката кај определени дејности. Управата за јавни приходи кај сите овие објекти ќе изврши и контроли на терен“, велат од УЈП.
Освен проблемот со фискалните, во голем број кафулињата и кафеаните низ Скопје ретко каде се почитуваше и Законот за забрана за пушење. Контролата за пушење во кафеаните е во надлежност на пазарната инспекција, но од таму нема информација кој дозволи да се пуши и во затворените објекти и најлонските тераси иако забраната важи за секаде.
Владата пред околу два месеци најави дека ќе поднесе предлог за блага либерализација на актуелниот закон за пушење, што во никој случај не значеше дека тој целосно ќе се укине.
Изминете би се однесувале пред сè во правилно толкување на законот, односно доследно прецизирање и почитување на одредбите, како треба да бидат концепирани деловите од рестораните и кафетериите во кои се пуши.