Ретвитни оброк – Секој заслужува достоинствен оброк

Сподели

Ретвитни оброк – Секој заслужува достоинствен оброк, Мајка Тереза, 27. јануари, 12.30-13.30

а колку од нас дома ни останува храна која иако е јадлива ќе заврши како отпад наместо да наполни празен стомак? Да ги менуваме навиките со мали но значајни чекори 🙂
Секој може да се вклучи:
– Дојдете на заедничко готвење во Гласност (улица Петар Поп Арсов бр.6) во петок 26.01. во 17 часот.
– Спакувајте ја храната што ви останува од дома или кафана (не е срамота да се земе, срамота е да се фрли 😉 ) или едноставно згответе наменски колку што можете и тоа што имате.
Амбалажи за да спакувате храна може да земете од Freshys/Фрешис.
– Дојдете во сабота во 12:30 часот пред Спомен куќата на Мајка Тереза и вклучете се во пакувањето и делењето на оброците
– Контактирајте нè во инбокс, коментар или на телефон за каква било информација околу организација.

Нашето малку за некого е многу, да не заборавиме, храната не е луксуз и не се фрла, туку се донира.