Ајде да пишуваме Македонија без наводници – Тимиос Цалас

Сподели
Ајде да пишуваме Македонија без наводници

Тимиос Цалас

Пред два месеца нарачав кафе во кафетеријата на Долниот дом. Девојката што го правеше кафето ме праша од каде сум, бидејќи мојот акцент ѝ звучел познато. Кога одговорив дека сум од Грција, таа се насмевна велејќи дека така и мислела, бидејќи и самата таа е од Македонија. Ѝ реков дека поминав низ нејзината земја додека патував кон Србија. Кога дојде време да платам, таа не ми зеде пари: „Кафето е од мене бидејќи Вие сте првиот Грк што сум го слушнала да каже ‘Македонија’“.

Додека го раскажувам овој инцидент, обземен сум од сомнежи за тоа дали треба да го правам тоа. Се плашам, прво дека се опишувам себеси како извонредно слободоумен либерал што ги повикува оние мои сонародници што се навредени затоа што соседната земја го користи името Македонија да се опуштат. Исто така, се плашам дека некои Грци ќе ме сметаат за предавник. И на крај, за неколку моменти се чувствував како идиот што го разменува семејното сребро за едно кафе-лате.

Знам многу луѓе што мислат како мене. Јас немам пријатели во Грција што велат „Македонија“ кога зборуваат за Македонија. Немам колеги што можат да го запишат тоа име без да го стават во наводници, дури ни онакви на кои не им е гајле за прашањето за името. Односно, онакви што навистина заборавиле, не за десет години, како што предвиде еднаш премиерот Константинос Мицотакис, туку за десет минути.

Текстот во целост прочитајте го тука