Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, денеска во Њујорк имаше работен ручек со посредникот на Обединетите Нации за спорот со името, америкамскиот дипломат, г.Метјуц Нимиц.
Груби му ги пренесе на Нимиц сите негови впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.
Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од било кога. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и взаемно прифатливо.
Компромисот мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со оддржлив мир и стабилноство нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи представува предуслов за економски развој и општествена благосостојба.