Признавањето на Мицкоски дека државата загуби генерации поради криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ не е доволно,Македонија оди напред

Сподели

Христијан Мицкоски денеска призна дека Македонија загуби неколку генерации како резултат на 11 годишното криминално и расипничко владеење на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ и неговиот претходник Никола Груевски.

Ова признание на Мицкоски не е доволно. Граѓаните очекуваат наместо по стапките на Никола Груевски, ВМРО-ДПМНЕ да ги напушти штетните, деструктивни политики. Наместо да дејствува спротивно на интересите на граѓаните и државата ВМРО-ДПМНЕ треба да смогне сила вистински да се реформира.

По 11 години осиромашување, изолација и поделби на граѓаните и државата, Република Македонија тргна напред. Времето на тонење, бесперспективност и уназадување на Македонија заврши со заминувањето од власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Денес Македонија се гради како модерна, демократска држава на еднакви граѓани, а реформскиот процес и успешните економски политики на Владата предводена од СДСМ обезбедуваат економски раст, повисоки плати, одговорни институции и повеќе пари назад кај граѓаните.