Зинедин Зидан го напушти Реал Мадрид

Сподели

Раководството на Реал Мадрид денеска одржа вонредна прес-конференција на која Зинедин Зидан им се обрати на шпанските медиуми. Тој објави дека го напушта клубот по само неполни три години, откако во тој период освои девет трофеи, од кои три последователни титули во Лигата на шампионите.

„Донесов одлука да не продолжам како тренер на Реал Мадрид, тоа е чуден момент, но на овој тим му треба промена за да продолжи да победува, потребен е друг говор, друга методологија на работа и затоа ја донесев оваа одлука“, изјави  Зидан.

Зинедин Зидан е единствениот менаџер кој трипати по ред ја има освоено УЕФА Лигата на шампиони. Тој, исто така, го подигна трофејот во Ла Лига во сезоната 2016/2017.