МАКЕДОНИЈА – Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови. УВ индексот ќе биде 8.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 22 до 34 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со локален пороен дожд и грмежи.
Утринската температура до 15 степени, а дневната ќе достигне до 31 степен.
И во следните денови во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи со променлив интензитет. Утре поинтензивни процеси се очекуваат кон крајот на денот, особено во источните делови.