Судската администрација денеска излезе на протест пред Министерството за правда. На големиот протест уште еднаш побараа средба со министерот Валдет Џафери за да почнат преговори за исполнување на нивните барањата.
Судската администрација бара промена на два члена од Законот за судски службеници, со кои се изедначуваат платите и додатоците со другите вработени во судовите.
Доколку министерот и денеска одбие да се сретне со претставниците на судската администрација, од него ќе побараат оставка.
Судската администрација штрајкува веќе еден месец, но досега институциите одбиваа да се сретнат со нивните претставници.
http://meta.mk/sudskata-administratsija-poracha-rabota-imame-pravednost-nemame/