Културен форум „Предание и континуитет“ во Струга

Сподели

Во фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга од 3 до 5 август  ќе се одржи вториот културен форум насловен „Предание и континуитет“ чие годинешно издание ќе биде посветено на темата „Трансхуманизам“.

Форумот ќе започне во 20 часот со концерт на маестро Јуриј Шишков од Русја, а веднаш по концертот ќе се одржи дебата на тема „Надчовекот и трансчовекот: сличности и разлики“. Втората вечер со краток воведен концерт на хармоника ќе настапат Ања Криштаљева (Руска Федерација) и Александар Коловски (Република Македонија), а потоа ќе се дебатира на тема „Технократските утопии на научната фантастика: за и против“. Последната вечер ќе започне со краток концерт на познатиот тромбонист Никола Ристевски. По завршувањето на концертниот дел ќе се одржи  дебата на тема „Невробиолошка киборгизација на човекот и креативна емоционалност на вештачка интелегенција – мит или стварност?“

Тридневниот форум ќе биде збогатен со изложбите на скулптури на академскиот вајар Владимир Симоновски и на уметнички фотографии на академскиот  фотограф  Таиса Санџакоска.