ОБСЕ: Предолго е времето меѓу поднесување на обвинение од СЈО и неговото потврдување

Сподели

Една од забелешките на Мисијата на ОБСЕ во првиот преоден извештај за активностите и предметите на Специјалното јавно обвинителство кој го опфаќа периодот од септември 2015 година до јануари 2018 година, е дека Многу од обвиненијата поднесени од Специјалното јавно обвинителство кон крајот на јуни 2017 година се потврдени пет-шест месеци подоцна што укажува дека е предолго времето меѓу поднесувањето на обвинение и неговото потврдување.

– Иако Законот за кривична постапка не предвидува рок до кој едно обвинение мора да се потврди, времето меѓу поднесувањето на обвинение и негово потврдување може да се смета како предолго, а тоа создаде перцепција дека судот е пристрасен и е против судење во разумен временски рок, а истите особено загрижуваат во врска со случаите каде треба наскоро да настапи апсолутна застареност, се вели во заклучоците на извештајот.

„Дискрециско право на СЈО е да ги сподели со јавноста причините поради кои презема или не презема одредени предмети под своја надлежност, имајќи го во предвид високиот профил и политичката чувстителност на овие случаи кои СЈО ги презеде, ОБСЕ советува СЈО да усвои потранспарентен приод и начин да и ги објасни на јавноста овие одлуки“, рече Мишел Принс- набљудувачка мисија на ОБСЕ.

Катица Јанева најави дека во наредниот извештај за работата на СЈО за две недели, ќе има и посебен дел во кој ќе се осврнат на нерегуларностите и недоследностите во работењето на судиите и на судовите. Таа се пожали на опструкции од страна на судовите во барањата за притвор. На денешната презентација на првиот преоден извештај за активностите и предметите во надлежност на СЈО што го изработи ОБСЕ, Јанева апелира до судовите да ја забрзаат работата во нивните случаи.