Мицкоски: Партијата привршува со консултациите за референдумот

Сподели

 

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на средбата со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, разговарале за актуелните случувања во земјава, за договорот со Грција и претстојниот референдум, информираат од партијата.

Од таму велат дека „Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува интеграциите на земјава во НАТО, и дека членството во оваа организација, како и интеграциите во Европската Унија се од стратешки интерес за земјава.“

„Воедно тој подвлече дека договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ и е надвор од нејзините познати принципи и начела. ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот за негово неприфаќање. ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта треба да се посвети на подобрување на реалните области за живот кои се од суштествено значење за граѓанинот, а таму до сега се забележува огромна стагнација проследена со огромен број на афери и сомнежи за злоупотреба. Што се однесува до ставот во однос на референдумското изјаснување, ВМРО-ДПМНЕ привршува со процесот на широки консултации, и во текот на идната недела ќе заседава Извршниот и Централниот комитет на партијата“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.