Собраниската седница за уставните измени ќе почне во 15 часот

Сподели

Расправата во Собранието за предлогот за пристапување кон уставните измени е презакажана за 15 часот.

Во моментов, пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ е на координација.

Неофицијално, обезбедено е потребното 2/3 мнозинство за гласање на измените на уставните амандмани. Со ова, се отвора патот за спроведување на Договорот од Преспа.