Адил Абдулмeхди е нов ирачки премиер

Сподели

 

Адил Абдулмeхди положи заклетва како нов ирачки премиер, откако Парламентот одобри поголем дел од неговиот предложен состав на Кабинетот, јавува Anadolu Agency (AA).

За време на седницата, само 14 од вкупно 22 предложени кандидати за Кабинетот добија доверба од мнозинството пратеници.

Предложените кандидати за министри кои беа одобрени за време на седницата за гласање (која продолжи синоќа по полноќ) се министрите за ресорите за нафта, финансии, за надворешни работи и за труд.

Парламентот повторно ќе се состане на 6 ноември, кога пратениците ќе гласаат за осумте преостанати кандидати.

Извори блиски до процесот на формирање на Владата, за АА изјавија дека одредени политички блокови го притискаат Абдулмeхди, кој ужива поддршка од влијателниот шиитски свештеник Али ал Систани – за поголема застапеност во новиот Кабинет.

Претходно во текот на овој месец, ирачкиот претседател Бархам Салих му даде задача на Абдулмeхди за составување на нова влада.

Абдулмeхди беше министер за нафта во периодот од 2014 до 2016 година.