Пратениците денеска не му го одзедоа мандатот на пратеникот Никола Груевски затоа што немаше 80 пратеници колку што предвидува Уставот. Од вкупно 87 присутни пратеници, 58 гасаа „за“, а 28 „против“ предогот за одземање на мандатот на пратеникот Груевски доставен до пратениците од Kомисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања.
Барањето за одземање на мандатот на Груевски е според членот 59 од Деловникот на Собранието на РМ. Со него се предвидува за пратеникот осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на пратеничката функција, известување до претседателот на Собранието да достави судот кој ја изрекол казната.
Денешната одлука на пратениците да му го одземе мандатот на Груевски не го одложува извршувањето на казната.
Поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ вчера требаше да се јави на издржување на затворската казна. Но, тој и неговите адвокати поднесоа жалби против решението на судијата за извршување санкции кој постапува по предметот. Од судот информираат дека од денеска тече рокот од три дена во кои Кривчниот совет треба да донсе одлука по жалбите.