Слава ти Горан Стефановски!

Сподели

Вечерва во Велика Британија почина познатиот македонски драматург академик Горан Стефановски.

Тој беше автор на „Диво месо“, „Лет во место”,  „Дупло дно”, „Тетовирани души”, а добитник е на престижниете награди: „Стале Попов“, „11 Октомври“,  „Стериина награда” и шестпати добитник на наградата „Војдан Чернодрински“. Горан Стефановски беше и дописен член на МАНУ.

Кариерата ја започна во Телевизија Скопје, беше асистент на скопскиот Филолошки факултет, професор по драматургија на Драмски во Скопје, член на македонскиот ПЕН центар, на Друштво на писатели, а од 2004 година член на МАНУ.

Меѓу другото ќе остане и запаметен по репликите од “Дупло дно: „Јас сум народот! Од денеска ќе се застапувам сам.“, но и по онаа од „Тетовирани души”: „Иднината никако да дојде, минатото никако да си отиде, а ние овде глумиме сегашност.“

Вечна му слава!