Граѓаните кои до 31. декември не се регистрираа во системот на Управата за јавни приходи за персонален данок, ќе може тоа да го направат и утре и наредните денови.
„До 31. декември, регистрирани се над 650.000 граѓани. Системот е отворен и секој кој го пропуштил рокот ќе може и во најскоро време да подонесе пријава – соопштуваат од УЈП.
Според првичната информација во електронскиот систем требаше да се регистрираат околу 920.000 граѓани. Но, УЈП од обврската ги ослободи пензионерите кои земаат само пензија од државниот ПИОМ. Останатите пензионери пак кои имаат дополнителни приходи или странски пензии требаше да отворат мејл и да се регистрираат во УЈП.
Ова е првата година кога граѓаните нема да одат на шалтерите на УЈП туку по електронски пат ќе добијат пополнета годишна даночна пријава.
Обврската на граѓаните ќе биде само да ја потврдат или корегираат доколку податоците не се точни. Доколку тоа не го направат до крајот на мај, УЈП ќе ја смета таа Годишна даночна пријава за потврдена.