Премиерот Зоран Заев од денеска до недела заедно со владина делегација ќе присуствува на годинешната Минхенска конференција за безбедност.
На настанот ќе има заедничка дискусија за Република Северна Македонија и Република Грција на која како главни панелисти се предвидени премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Оваа панел дискусија на Минхенската конференција за безбедност традиционално им е посветена на добитниците на главната награда на конференцијата „Евалд Фон Клајст“, која оваа година свечено ќе им биде врачена на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на посебната церемонијална вечера чиј домаќин е премиерот на Федералната држава Баварија Флориан Херман“, се вели во соопштението од влада.
Предвидено е Заев да има билатерална средба со премиерката на Кралството Норвешка, Ерна Солберг, со претседателот на Црна Гора Мило Ѓукановиќ, со премиерот на Косово Рамуш Харадинај како и со сенаторот Џејмс Риш, претседавач на Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД и со поранешниот потпретседател на САД Џо Бајден.