Спикерот Џафери одговори на изјавата на обвинителката Вилма Русковска, дека тоа не е точно и додаде дека одговорноста би била кај судот.
-Одговорноста ќе биде кај Судот. Тие треба да го обезбедат присуството на сите осомничени и обвинети – изјави Талат Џафери.
Џафери информираше дека вчера го известил судијата на претходна постапка дека не биле создадени услови за симнување на имунитетот на пратеникот Трајко Вељаноски од ВМРО-ДПМНЕ, осомничен дека е еден од организаторите на упадот во Парламентот на 27 април 2017 година.