Одбраната на насилствата од 27. април и обидот да се релативизира обидот за убиство, линч, за рушење на уставниот поредок и демократијата, говорат за матрицата на Христијан Мицкоски.
Тој е ист као Никола Груевски. Неговите изјави немаат никаква врска со правото, затоа што согласно правото за насилство следува одговорност.
Кога зборува за нарачки Мицкоски во суштина мисли како да ја дефокусира јавноста она што на сите им е јасно дека нарачките на насилствата од 27 април доаѓале од врвот на неговата ВМРО-ДПМНЕ.
За поделбите и омразата што ги шири Мицкоски ќе ценат граѓаните – се вели во соопштението на СДСМ.