„Како Влада на која што секое дете и е важно, но и која работи на унапредување на родовата еднаквост сметаме дека воведувањето на споделеното родителско отсусво ќе значи многу за раниот развој на детето којшто е многу важен, но и за присуството на двајцата родители на пазарот на трудот, што во пракса најчесто тоа е таткото“, рече министерката Царовска.
Сегашното законодавство предвидува до седум дена максимално отсуство за татковците. Иако отсуството за мајките е преносливо, тоа не може да се подели помеѓу родителите, што значи дека за да можат татковците да го земат отсуството, мајките мора целосно да се откажат од него.
Министерката Царовска најави дека во новото законско решение коешто е во фаза на подготовка ќе бидат земени во предвид најдобрите европски пракси и истиот ќе биде изготвен во претходна консултација со сите засегнати страни.