Пратениците на денешната 106. седница на Собранието треба да ја констатираат оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, и да изберат нов министер.
На денешната седница ќе се разреши и заменик-министерот за надворешни работи, Драгана Кипријановска, и ќе се избере нов заменик на нејзино место.
По завршување на оваа седница, пратениците ќе продолжат со работа на седницата на која се расправа за иницијативата за утврдување одговорност на претседателот Ѓорге Иванов.