Силјановска: Денов почна со зима, мислам дека ќе заврши со сонце

Сподели

Кндидатката за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, денеска го оствари своето право на глас, и после гласањето даде изјава за медиумите.

„Денов почна со зима, тоа е зима која ја отсликува во моментов политичката ситуација во државата, а мислам дека ќе заврши со сонце. Мислам дека успешно ја завршив целта на која се концентрирав, односно на групите граѓани за кои мислев дека треба да се инспирираат, или да им се разјаснат дилемите, дали да излезат или не.” – изјави Гордана Силјановска – Давкова.