Кинеска компанија ќе го купува политичкото училиште во Кумровец

Сподели

Кинеската компанија „Зонгија недвижности“ му понуди на хрватското Министерство за државен имот да го купи хотелот „Загорје“, поранешното Политичко училиште во Кумровец – пренесува МИА.

Од Министерството посочуваат дека наместо бараните 1,6 милион евра, тие понудиле речиси 2 милиона евра, а за понудата набргу се очекува одлука на Владата.

Крапинско-загорскиот жупан Жељко Колар изјави дека понудата од кинескиот инвеститор била единствена и очекува брзо да се реализира.

– Задоволни сме што кумровечкиот мртов капитал, поранешното Политичко училиште, конечно најде нови сопственици, односно што нашиот труд во привлекување инвестиции почна да се исплати, рече Колар.

Хотелот „Загорје“ има површина од речиси 27 илјади метри квадратни и е во државна сопственост.

Тој комплекс е местото каде што е роден поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито.