Собранието денеска ќе ја продолжи расправата по предлогот на опозицијата за поведување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, поради аболицијата.
Собраниската расправа за одговорноста на Иванов почна во понеделникот, откако минатата недела собраниска комисија ја оценуваше основаноста на предлогот што го поднесоа СДСМ и нивните коалициски партнери, а е поддржан од пратениците на ДУИ.
Најмалку 82 пратеници треба да гласаат за предлогот на СДСМ за да се почне постапка пред Уставниот суд за утврдување на одговорноста на претседателот.