Од 20 до 22. јуни со почеток од 18:30 до 23 часот, ќе се одржува Интернационалниот фестивал за баскери и живи статуи СТАТУАФЕСТ И БАСКЕРКАРАВАН.
На фестивалот свое учество ќе земат светски познати артисти, баскери и живи статуи, од Шпанија, Германија, Украина, Венецуела, Хрватска, Србија и секако нашите професионални артисти од Северна Македонија.
За музичкиот дел се задолжени Тони Зен и ДЏ Бугимен, како и Онија Блузерите.
Фестивалот ќе се одржува на плоштад Македонија и на ул. Македонија која води од плоштад кон Мајка Тереза.
Главен покровител на фестивалот е град Скопје.
Спонзори се винарска визба Тиквеш, Пакомак, Јавор Мрзенци – Меана Б, кафе бар Живот е циркус, Театар за деца и младинци, Клуб Матица и МДН Обезбедување. Организатор на фестивалот е здружението на граѓани ТИМ ТЕАТРОС К од Скопје.