Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, преку својот фејсбук профил ја информирапе јавноста дека се сретнал со Бесир Алили кој се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија и напиша дека агенцијата ќе го награди Алили еднократно со еден милион денари.
-Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој ни се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија.
Во мое име и во името на Агенцијата за млади и спорт имав чест да му честитам на златното момче Бесир Алили кој се врати со златен медал од Европското Првенство за кадети во Фиренца, Италија.
Драго ми е што Бесир е дел од програмата при АМС за млади спортски надежи која што секојдневно стручно ги следи 30 тина индивидуални спортисти од Олимписките спортови и ги поддржува да партиципираат на големи натпреварувања како ова Европско првенство.
Бесир за овој голем подвиг ќе биде награден еднократнo од страна на Агенцијата за млади и спорт со 1 милион денари.
Во наредниот период, очекувам нашиот Бесир да тренира напорно, и да ги слуша советите на неговиот тренер и со максимална посветеност еден ден да ги наследи големите имиња кои претставувале основа и придонеле во развојот на борењето во нашата држава.
ФБ статус, Дарко Каевски