МТСП се стекна со ИСО стандардот MKC EN ISO 9001:2015 – продолжуваме да го подобруваме квалитетот на услугите

Сподели

 

Министерството за труд и социјална политика се стекна со ИСО сертификат со кој што се потврдува дека го применува Системот за менаџмент согласно барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015.

 

 

Со овој стандард е опфатено приготвување, креирање и спроведување на политики и надзор на законската регулатива од областа на работните односи, социјалната заштита, права и заштита на децата и нивните семејства, социјална сигурност на пензионерите, еднакви можности на жените и мажите и заштита од дискриминација. Успешната примена на овој систем значи дека процесите во МТСП и институциите кои ги опфаќа, како и услугите кои ги нуди на граѓаните се во согласност со нивото на квалитет кој го одредува стандардот MKC EN ISO 9001:2015.

Како дел од системот за управување со квалитет опфатени се повеќе органи под Министерството за труд и социјална политика, како што се Управата за прашања на борците и воените инвалиди со сите свои подрачни единици и Заводот за социјални дејности, како стручна и развојна установа во рамките на системот на социјалната заштита. Тука е вклучен и  ЈУ Завод за социјални дејности, што се особено важно, бидејќи тој ги следи и проучува социјалните појави и проблеми, врши надзор над стручната работа на установите за социјална заштита и вработените во нив. Конкретно, врши увид и унапредување на начинот и квалитетот на стручната работа и ефикасноста во остварувањето на функциите во установите за социјална заштита, организира и спроведува облици на едукација на стручните работници во областа на социјалната заштита за потребите на процесот на лиценцирање и активности во рамки на функционирањето на Комисијата за лиценцирање. Заводот во насока на унапредување на социјалните дејности, во своето работење е насочен кон зголемување на задоволството на корисниците.

Министерството за труд и социјална политика и понатаму продолжува да работи на зголемување на квалитетот на понудените услуги. Наша цел и одговорност е да го олесниме и подобриме животот на граѓаните, кои секојдневно ги користат овие услуги.