Во финалето на НБА лигата ќе се игра мајсторка или 7-ми натпревар помеѓу Голден Стејт и Кливленд Кавалирс.
Синоќа кошаркарите на Кливленд успеаја на домашен терен да го совладаат Голден Стејт со 115-101 и да израмната на 3-3 во победи.
Кливленд уште во првата четвртина го реши прашањето на победникот каде истата ја доби со +20 односно 31-11.
Во втората четвртина Голден Стејт успеа да се врати во игра, и дојде до -8 поени, но до полувремето предноста на Кливленд повторно се зголеми на 16 коша.
На три ипол минути до крајот на третата четвртина Голден Стејт заостануваше 19 поени, но со серија 8-0 дојде до дофатлива разлика од 71-80.
И во последната четвртина Кливленд постојано беше во предност и таа во ниту еден момент не е спушти под седум поени, па така го избори седмиот и решавачки меч кој ќе се игра в недела на 19-ти јуни во Оукленд.
Кај Кливленд ЛеБрон Џејмс повторно блескаше со нови 41 поен, 11 асистенции и 8 скока, Кајри Ирвинг додаде 23 поени, а Тристан Томпсон 15 коша и 16 скокови.
Кај Голден Стејт најефикасен беше Стеф Кари со 30 поени додека Клеј Томпсон постигна 25.
Дали Кливленд ќе биде првиот тим кој од негатива од 3-1 во победи ќе успее за првпат во историјата на НБА лигата и финалето да стигне до конечен триумф од 4-3 останува да видиме в недела.
Инсерти од мечот…
[youtube https://www.youtube.com/watch?v=TqHDx5ZBwFU]
The post Мајсторка ќе се игра во НБА финалето, Кливленд израмни на 3-3 во победи против Г.Стејт! appeared first on Спорти.
Source: Sporty