“Ла Верита” со нови аудио снимки: Имаш поздрав од женава

Сподели

 

Италијанскиот весник “Ла Верита ” денеска објави уште еден текст со нова снимка од разговори меѓу Јордан Камчев и Бојан Јовановски.

Според весникот, во еден момент се слуша и Катица Јанева, која потврдува дека нема да има проблем со ослободувањето од домашен притвор на Орце Камчев.

Камчев се сомнева дека ќе му биде остварено тоа што го посакува и на објавените снимки се слуша како соговорниците се договараат, при што во еден разговор Камчев го прашува Бојан Јовановски:

-Втора работа, не знам дали жената е со нас во играва, таа Лиле – пишува весникот, тврдејќи дека станува збор за обвинителката Лиле Стефанова, која во тоа време го води предметот Империја.

Потоа, во една од снимките, за која весникот тврди дека е гласот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, женски глас преку телефон, како што вели новинарот, му потврдува на Камчев да не се секира дека се ќе биде во ред.

-Не се секирај за ништо се ќе биде ОК – вели женскиот глас.

 

 

https://youtu.be/GirZhiY1WbU