СОНК за утре закажа предупредувачки штрајк

Сподели

 

Синдикатот за образование, наука и култура утре, на 2 септемри ќе има предупредувачки штрајк на вработени во образовната дејност.

Членовите на синдикатот и оние кои ќе се солидаризираат кон штрајкот нема да прифаќаат ученици, нема да оддржуваат настава ниту ќе реализираат воспитно-образовни активности – изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

– Кадарот во училиштата ќе се појави на работа и ќе престојува во заедничка просторија, определена од директорот онолку време колку што е предвидено за активностите тој ден – изјави Неделков.

Ќе штрајкуваат членовите на синдикатот, а може да се приклучат и солидаризираат и оние кои не се членови.

“Имаме најави за солидарност, очекуваме масовност но и опструкции. Општините и централната власт повикаа за оддржување настава. Неблагодарно е да прогнозираме што ќе донесе утрешниот ден” – додаде Неделков, претседател на СОНК.