Централен регистар: Извршен е хакерски упад во системот- податоците се соодветно заштитени

Сподели

 

Извршен е упад во компјутерскиот систем на Централен регистар. Хакерскиот упад го пријавиле во МВР, откако претходно медиумите објавија дека поранешниот пратеник Љубомир Јосифовски синоќа бил приведен и однесен на распит во полициската станица Беко поради неовластено навлегување во компјутерскиот систем на Централниот регистар.

” По објавените информации во медиумите, Централниот регистар на Република Северна Македонија потврдува дека е извршен упад во компјутерски систем.Упадот е извршен со злоупотреба на безбедноста и со надминување на безбедносни пречки од страна на Друштвото за обработка на податоци, хостирање и слични дејности ИНФОГРУП ДОО Скопје. На тој начин ова правно лице неовластено обезбедувало податоци од регистри што ги води Централниот регистар. Потенцираме дека при упадот воопшто не се нарушени состојбата и интегритетот на податоците во сите регистри што ги води Централниот регистар. Сите системи и услуги на Централниот регистар непречено функционираат и се достапни за сите корисници, а податоците во регистрите се соодветно заштитени”, соопштија од Централен регистар.