Теона Стругар Митевска ја доби наградата за режија за филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, на филмскиот фестивал во Минхен, Five Leakes Film festival.
Филмот „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ во продукцијата „Сестри и брат Митевски“, беше во конкуренција со уште десет филма од централна Европа, а одлуката едногласно ја донело жири составено од филмски професионалци, филмски новинари, публика и институции.
Германската дистрибуција на филмот започнува во ноември.