Пингвините од Питсбург се новите освојувачи на Стенли купот на НХЛ лигата во САД!

Сподели

Хокеарите на Питсбург пенгуинс триумфираа во финалето на Стенли-купот откако го победија ривалот Сан Хозе со 4-2 во победи.

питсбург1

Во натпреварот број шест, одигран на теренот на Сан Хозе, Питсбург победи со 3-1 и титулата ја освои на гостински терен.

Головите за Питсбург ги постигнаа Брајан Думолин, Kрис Летанг и Патрик Хорнквист, а стрелец за Сан Хозе беше Логан Kотур.

Играчите на Питсбург головите ги постигнаа во секој период по еден, а Сан Хозе успеа да изедначи, но не и да се избори за мајсторка.

крозби питсбург питсбург2

Питсбург пенгуинс по четврти пат успеа да го освои вредниот пехар во Стенли-купот во НХЛ лигата во САД.

Инсерти од мечот…

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=EKASw-LN-s4]

The post Пингвините од Питсбург се новите освојувачи на Стенли купот на НХЛ лигата во САД! appeared first on Спорти.


Source: Sporty