Прифатено обвинението за „РЕКЕТ“ – судот ги одби сите приговори

Сподели

 

Основниот кривичен суд Скопје ги одби сите приговори на Бојан Јовановски – Боки 13, Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец за обвинителниот акт против нив во случајот „Рекет“ и во целост го прифати обвинението, што значи дека наскоро ќе почне судењето.

Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница ги отфрлила сите приговори како неосновани и го прифатил во целост обвинителниот акт од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК). Обвинетите немаат право на жалба против оваа одлука.

„Отткако по одобрениот обвинителен акт ќе биде оформен кривичен предмет истиот согласно АКМИС системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а штом ќе биде закажан термин за одржување на јавна главна расправа, странките и јавноста ќе бидат известени“, соопшти судот.

Против ова решение, согласно одредбите не се дозволува право на жалба.