Лажна тревога во Брисел: Нема бомба во близина на трговскиот центар

Сподели

thumbs_b_c_b83a8e708250bba0cc7b63c170a8a5bf

БРИСЕЛ (АА) – Канцеларијата на белгискиот обвинител потврди дека човекот поради кого во раните утрински часови беше затворен трговски центар во Брисел е уапсен, но ниту кај него ниту во близина на центарот не се пронајдени експлозивни материи, пренесува Anadolu Agency (AA).

“Осомничениот во моментов e на испитување. Експлозив не е пронајден”, рече портпаролката на обвинителството Ина Ван Вимерш.

Белгиските власти рано утринава го затвориja главниот трговски центар во центарот на Брисел, по дојавaта за сомнителен пакет и притоа уапси маж осомничен дека кај себе имал експлозив.

Белгискиот кризен центар, кој ги координира мерките за безбедност, соопшти дека во тек е состанокот во врска со инцидентот на кој присуствува и премиерот Чарлс Мишел.

Инцидентот се случи во трговскиот центар “City 2” во центарот на Брисел. Полицијата, по информацијата ја блокираше целата област, како и блискиот булевар и неколку влезови во метро станицата.

Портпаролката на трговскиот центар, Вероник Пирсон, потврди дека полицијата нашла пакет во близина на трговскиот центар “City 2”.

AA.COM.TR