“Црвениот крст на РС Македонија изразува сочувство до граѓаните, семејствата и институциите на Албанија за жртвите од земјотресот. Во исто време сме со мисли, надеж и верба да бројот на жртвите не се зголеми и посакуваме брзо оздравување. Ја следиме состојбата на тере е сме во постојан контакт со Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвена полумесечина, Албанскиот Црвен крат и владините институции, со цел утврдување на приоритетните потреби на терен и организирање на хуманитарен одговор.
Црвениот крст донесе одлука од сопствените резерви да додели првична парична помош во висина од 10.000 евра наменета за жртвите од земјотресот како и материјална хуманитарна помош” – се наведува во соопштението на Црвениот крст.
Црвениот крст објави броеви и сметки за донации .