Инспекторат повикува граѓаните да пријавуваат секаков вид загадување

Сподели

 

“Во текот на вчерашниот ден Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани веднаш излезе на терен заедно со акредитирана лабораторија за да се спроведе вондреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер.”

Од инспекторатот соопштуваат дека ќе се постапи според наодите и Инспекторатот на Град Скопје по реакција на граѓани, излегува на терен заедно со акредитирана лабораторија, спроведува вонреден инспекциски надзор и мерење на граничните вредности од стационарниот емитер. Беа извршени вонредни инспекциски надзори во правни субјекти, обиколки на површини и диви депонии, како и контрола на начинот на кој се загреваат субјектите во повеќе општини низ земјата

“Ги охрабруваме сите засегнати граѓани да пријавуваат секаков вид загадување на амбиенталниот воздух” – повикуваат од Инспекторатот на Град Скопје.

Изречени се повеќе глоби и забрани за утврдени инциденти и активности кои значително влијаеле на загадувањето на воздухот и животната средина во повеќе општини минатата недела во рамки на активното спроведување на мерките за намалување на аерозагадувањето предвидени во Програмата и Планот за чист воздух донесени од Владата, спроведени од комбинираните тимови составени од седум владини советници, кои во координација со сите инспекторати во државата вклучувајќи го и Министерството за внатрешни работи преземаат активности за спречување на загадувањето на воздухот.