Европската комисија во нов состав го отпочнува петгодишниот мандат

Сподели

 

Европската комисија во новиот состав, предводена од Урсула фон дер Лајен, денеска почнува со работа. Комисијата за прв пат добива жена претседател и  до сега има највисок родов баланс: од 27 највисоки позиции,  11 ги обавувуваат жени.

Урсула фон дер Лајен објави дека во фокусот на работата на нејзиниот тим во текот на следните 5 години ќе биде зајакнување на улогата на ЕУ во светот, заштита на климата, дигитализација, но и доближување на Западниот Балкан до Унијата.

Досегашната шефица на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, ја менува досегашниот министер за надворешни работи на Шпанија, Жозеп Борел. Претставувајќи ја својата програма, Борел изјави дека сака лично да се посвети на „реформите и процесот на интеграција на Западен Балкан“. Борел исто така ќе посредува во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Оливер Вархељи го презема ресорот за проширување од Јоханес Хан, во момент кога во ЕУ се води расправа за реформите во пристапната политика, кој оцени дека не треба да се менува целата рамка на политиката за проширување, туку дека треба да се подобри методологијата.

Европската комисија соопшти дека новиот комесар за проширување во вторник на 3 декември ќе учествува на конференција на високо ниво посветена на европската интеграција на Западен Балкан.

МИА