Изгубените катчиња во Скопје добија свои инсталации

Сподели

 

Градот Скопје и особено, Општина Центар се познати по местата, малите катчиња и урбаните топоними (микролокации), чии називи и повозрасните, но и помладите, ги користат до ден денес, иако дел од нив одамна не постојат.

 

 

„Рекорд“, „Стар Ловец“, Маџир Маало, поранешното Корзо (Парк на Франкофони) се четирите локации каде нашите уметници Андреј Митевски, Љубиша Камењаров, Андреј Миневски и Александар Наумовски ги поставија своите инсталации.

 

 

Овој проект, кој го реализираме со Центарот за современи уметности Скопје, има за цел да обележи дел од значајните топоними, кои за генерации скопјани означуваат значајни места од секојдневнието и од животот на градот.

 

https://www.facebook.com/sasha.bogdanovik/videos/10219226450439613/