Страхил Петровски со „ACTION / REACTION / WOR(L)D” во МКЦ во Њујорк

Сподели

 

Изложба на уметникот уметникот Страхил Петровски со мултидисциплинарниот проект „ACTION / REACTION / WOR(L)D” се претстави во Македонскиот културен центар во Њујорк, со поддршка од Министерството за култура.

 

 

Изложбата претставува повеќе целини во кои преку фотографии, зборови, текстови аплицирани на редимејд-објекти, платна – знамиња, испишани пораки, графити, текстуални инскрипции, калиграфски знаци, букви, видеозаписи, авторот ги пренесува разговорите што се однесуваат на егзистенцијалните прашања со себе и другите.

 

 

Страхил Петровски, дипломирал сликарство во 1997 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Член е на ДЛУМ, работи како советник конзерватор и реставратор во Националниот конзерваторски центар и како доцент по предметите Фотографија и Мултимедија на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет во Скопје.

 

 

(фотографии преземени од фб на Страхил Петровски)