АХВ: Ветеринарите ќе посетуваат одгледувалишта со животни за утврдување на нивниот здравствен статус

Сподели

 

 

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, оствари средба со претседателот на Ветеринарната комората, Томислав Николовски, на која се дискутираше за активностите кои треба да се реализираат од страна на ветеринарните друштва оваа година.

На средбата акцент се стави на воведување на новата активност од страна на АХВ: посета на докторите на ветеринарна медицина на одгледувалиштата со животни за утврдување на нивниот здравствен статус.

Оваа година е особено значајна за АХВ бидејќи се подготвува да аплицира за добивање статус на слободна земја од чума.

Агенцијата за храна и ветеринарство е посветена на професионалност и продолжува да биде партнер на сите засегнати субјекти.