Ќе го изгубиме ли култниот “КЕРМЕС”?

Сподели

 

 

Сѐ до земјотресот во 1963 година летната бавча “Кермес”, сместена на самиот влез во Градскиот парк, беше една од најпривлечните кафеани во Скопје. Тука, под дебелите сенки на јаворите, во семејна или пријателска дружба, при богата скара и жива музичка изведба, граѓаните до доцните ноќни часови уживаа во живописниот амбиент.

По катастрофалниит потрес, поради тешките оштетуваења, објектот беше напуштен и со децении служеше како прибежиште на бездомници и наркомани, често изложен на разни опожарувања и неповратни уништувања.

Иако се наоѓаше на само педесетина метри оддалечност од кабинетите на скопските градоначалници и нивните административни служби, и беше прв поглед на странските делегации дојдени во посета на градот, ниту локалната ниту централната власт не покажаа интерес и желба барем да го расчистат тој запуштен простор, ако веќе не сакаат да го обноват некогашното омилено катче на скопјани.

И што се случи?

Кога познатиот македонски бизнисмен Трифун Костовски неколку години пред неговиот избор за градоначалник на Скопје, реши да инвестира во обновата на “Кермес”, со целосно зачувување на неговиот архитектонски изглед, односно кога по добивањето на сета урбанистичка документација започна изградбата и беа поставени темелите на новиот објект, градбата беше стопирана со бесмислено образложение, дека наводно “Кермес” претставувал култорно-историска знаменитост за градот и како таква уживала посебна законска заштита.

 

 

Всушност, откако Костовски како независен кандидат беше избран за градонначалничката функција, неговите политички опоненти во тогашната централна и локална власт, активираа непостоечка урбанистичка забрана, со цел да ја спречат реализацијата на започнатиот проект. Така, веќе две децении, без никаков судски епилог, просторот кај некогашниот “Кермес” стои целосно запуштен, обраснат во треви и градежен шут, со бетонски столбови што се распаѓаат, без одговор дали некогаш ќе излезе од прегратките на политичкото слепило и повторно ќе ја поврати својата атрактивна привлечност.

Скопјани немаат било каква информација или исказ за натамошната судбина на овој запуштен и грд простор. Сите слегнуваат со раменици и никој точно не знае во чија надлежност се наоѓа конечната одлука за идниот изглед на овој дел од паркот.

Дали овој објект ќе се врати во живот или ќе се остави на доуништување на времето, сепак некој ќе треба да одговори.

 

denesmagazin.mk