Макрон ќе поддржи преговори со РС Македонија и Албанија ако извештаите се позитивни

Сподели

 

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека ако резултатите од извештаите на Европската комисија за Северна Македонија и Албанија се позитивни, тој ќе поддржи почеток на преговори со овие земји за влез во ЕУ, пренесе агенцијата Ројтерс.

„Го очекуваме извештајот во март… во зависност од тоа дали резултатите се позитивни и дали е воспоставена доверба, ние ќе бидеме во состојба да ги почнеме преговорите“, рече Макрон на Конференцијата за безбедност во Минхен.