Во среда, 11. март, во периодот од 9:30 до 15:00 часот во Големата сала на Град Скопје ќе се одржи конференција под наслов „Предизвиците во образованието на учениците со нарушувања од спектарот на аутизмот“. Пред почетокот на конференцијата ќе се одржи тркалезна маса на која се очекува да присуствуваат лицата кои се одговорни за обрабованието на децата со аутизам во нашата држава.
Во рамките на проектот “Autism Spectrum Disorders-Empowering and Supporting Teachers” врз основа на анализа на состојбата и потребите, се изврши креирање на локално соодветни модули за едукација на специјалните едукатори и рехабилитатори (поранешни дефектолози).
На настанот ќе се зборува за резултатите од истражувањето за состојбата во однос на образованието, креирањето на модули за едукација, пред паузата, а потоа ќе се зборува за предизвиците во однесувањето и адаптација на просторот во училиштата со цел вклучување на децата со аутизам. Кои се предизвиците на нашата држава, која се наоѓа во перидот на креирање на инклузивното општество и насоченост на системот кон унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани? Со какви предизвици се судруваме при едукацијата на учениците со аутизам, единствен докажан процес преку кој може да се подобри состојбата на овие деца?
Нашето истражување покажа дека во период на инклузија на децата во образованието, каде што многумина велат дека успешно ја реализираат, сеуште, лицата кои се носители на поддршката се под голем професионален „удар“ и се наоѓаат помеѓу „сакам“ и „можам“.
Во овој период кога веќе треба да сме 100 % сигурни, дека како специјални едукатори и рехабилитатори (поранешни дефектолози) дека знаеме што е аутизам и кои се карактеристиките на овие деца/лица имаме состојба, каде сеуште некои сметаат дека аутизмот може да се „надрасне“ или пак дека „децата со аутизам не можат да се едуцираат“. Недозволиво е песимизам во нашата професија, пред се заради децата со кои работиме. Ние сме водителите на целиот процес. Тоа е исто како инфектолозите да се се спротивставуваат на корона вирусот.
Во нашата држава која се стреми да ги следи препораките на UN, каде сакаме да бидеме дел од големото Европско семејство, достапноста на обуките за специјалните едукатори и рехабилитатори (поранешни дефектолози) носители на процесот на инклузија се на многу ниско ниво. Сите имаат желба и сакаат да ги следат современите текови на третман, користат методи, но не се сигурни во тоа што го прават. Самодовербата е поголема кај вработените во ресурсните центри (посебните училишта).
Повеќе информации за проектот на www.asd-east.org и за настанот во прилог на овој e-mail: агенда, покана и кратко резиме на истражувањето.
Д-р сци. Јасмина Трошанска, Претседател на здружението за унапредување на квалитетот на живот на лицата со аутистчен спектар на нарушување „Сина светулка“
Контакт: 070 325 805 e-mail: sina.sevetulka@gmail.com
***
Целта на овој проект, кој е ко-финансиран од Еразмус + програмата на Европската унија, е да се оспособат специјалните едукатори и рехабилитатори во Хрватска, Полска и РС Македонија за поддршка и ефикасно вклучување на децата со аутизам во образованието, преку локално соодветен тренинг за стекнување на вештини, знаења и ефикасни стратегии. Оваа еднодневна конференција е наменета за промоција на програмата за едукација на специјалните едукатори и рехабилитатори, материјалите за работа, извештајот од мапирањето и резултатите од евалуацијата.