ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство за загрозување на здравјето на граѓаните, рече Дафина Стојаноска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција.
Факти кои го одбележаа денот:
1.Оставка на Филипче, неспособноста на владата се плаќа со здравјето на граѓаните.
2.СДСМ со стари и истрошени кадри на избори.
3.Филипче нема контрола врз ситуацијата со корона вирусот. Директорката на Клиниката за кожни болести цела недела шетала низ државата.
4.Негрижата на СДСМ ја става под ризик цела држава. На праг епидемија од Корона вирус.
5.Власта нема контрола кој влегува, а кој излегува од државата. Граѓаните на ризик.
6.Филипче бега од одговорност, иако е највиновен за хаосот со Корона вирусот.
ВМРО-ДПМНЕ