Јавниот превоз ќе сообраќа во две смени – од 5 до 9 и од 13 до 16 часот

Сподели

 

 

 

Aвтобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници од денес продолжуваат да сообраќаат во две смени, односно од 5 до 9 часот, па од 13 до 16 часот.

Автобусите ќе возат по саботен возен ред, со исклучок на линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе сообраќаат по редуциран делничен возен ред.

Согласно саботниот возен ред, линијата почнува да сообраќа од 6.40 часот па се реализираат сите термини до наведениот последен пред 9 часот односно, 7.02, 7.46, 8.08 (последен наведен термин пред 9 часот), па 12.32 (прв наведен термин од 13 часот), 13.38, 14 и 14.22 (последен наведен термин пред 16).

Билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел, билетарницата на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје ќе работат од 7.30 до 14 часот.

Центрите за персонализација се отворени од 7.30 до 14 часот во Карпош 2, на Бит-пазар и центарот на Транспортен центар. Услугите на ЈСП Скопје може да се купат и во повеќе од сто маркети и трафики кои се дел од секундарната продажна мрежа (прегледот на локации е достапен на фејсбук страната на ЈСП Скопје) чие работно време зависи од одлуката на сопствениците на субјектите.

Новиот, изменет режим на функционирање на јавниот превоз и работното време на билетарниците и центрите за персонализација, ќе важи во наредниот период, сѐ до новите препораки на надлежните институции – наведуваат од ЈСП.